Без оглед на фактот дека денес постојат многу начини за патување, некои земји се уште имаат минимален процент на туристички посети.
На пример, ако го посетите Бангладеш, сигурно нема да влезете во гужва. Оваа земја е најмалку посетена туристичка дестинација на светот, според една студија на Светската банка. Со повеќе од 160 милиони жители, а само 125 илјади туристи во 2017 година, на еден посетител му доаѓаат 1.273 жители.
Споредбено, Велика Британија има околу 66 милиони жители, а минатата година беше домаќин на 37,7 милиони туристи.
Со своите прекрасни плажи и сафарија, Бангладеш е назначен како потенцијална туристичка дестинација. Меѓутоа, поради безбедносната и политичката ситуација, луѓето често не се решаваат да ја посетат.
По Бангладеш, на листата 10 најмалку посетени земји се Гвинеја, Молдавија, Индија, Сиера Леоне, Нигерија, Етиопија, Чад, Мадагаскар и Мали.
Оваа листа ги вклучува и земјите кои навистина не сакате да ги посетите. Тоа се Буркина Фасо, Чад, Мали и Венецуела, кои не се препорачуваат за туристички посети.