Популарниот американски бренд Guess и познатиот латино пејач J Balvin ја претставија соработката за пролетната кампања 2019 година.
Лице на кампањата е J. Balvin, а на снимањето во Мајами учествуваа и Kara Del Toro, Xian Mikol и Gabriela Giovanardi.
Кампањата „Vibras“ е израз на совршената мешавина на стилот на Balvin и Guess наследството. “Сметајќи дека J. Balvin е еден од најголемите уметници на светот, знаев дека оваа соработка е совршена идеја и начин да ја прошириме нашата глобална платформа “, изјави Nicola Marciano, креативниот директор на Guess Inc и Guess Jeans U.S.A.