Синоќа беа доделени Греми наградите, а црвениот килим беше исклучително интересен.
Сите светски ѕвезди се упатија кон Лос Анџелес за да видат кои музичари ги освоија златните статуетки кои живот значат, посебно кога се занимавате со музиката.
26-годишната Карди Б ја напиша историјата и стана првата жена која освои Греми за најдобар рап албум “Инвазија на приватноста” а ја предводеше листата на најинтересно облечени жени на црвен килим.
На црвениот тепих видовме неколку фустани директно од модните писти и доста голем број на парчиња од високата мода кои своето претставување го имаа минатата недела во Париз.
Се разбира, кич и луди стајлинзи не недостасуваа ни оваа година на најголемиот музички настан во Америка.
Во фотогалеријата, погледнете ги најдобрите изданија на овогодинешното доделување на Греми наградите.