Њујоршката модна недела не би била тоа што e, кога Том Форд не би ги воодушевил сите присутни со својата нова колекција …
Тоа што естетиката на Том Форд ја разликува од сите други е нејзината носивост, може да се каже; тешко дека некој некогаш ќе седне и ќе гледа модна ревија без да се прашува каде, кога и како може да се претстави во некој од моделите.
Овој пат, колекцијата што беше претставена беше апсолутно беспрекорна, се карактеризираше со ноншаланција и смела елеганција, едноставни силуети и акценти во боја.