Погледнете кои чевли и чизми ќе бидат во тренд за есен – зима 2018 / 2019. Некои модели се посмели, некои посмирени, но со овие чевли и чизми за есен / зима 2019 нема да згрешите.
Ако имате високо квалитетни чевли, имате завршено 50% од работата за добар стил. Ова модно правило важи уште од античко време и не се менува без оглед на диктатот на сезоната.
Дизајнерите за есен и зима 2018/19, ги прикажаа своите омилени фаворити, придржувајќи се кон правилата кои се одвиваат во последната деценија на модните писти – “сè е дозволено, но ако сакате да бидете во тек, ова е насоката”.
Значи, во зависност од личниот стил и се разбира одможностите, погледнете ги чевлите и чизмите кои се “must have” и обидете се да се вклопите.