Италијанскиот моден бренд Gucci е вклучен во уште еден расистички скандал откако купувачите се пожалија дека нивниот најнов црн долчевита џемпер, на некој начин ги омаловажува луѓето со темна кожа.
Имено, компанијата се соочи со критики откако се појавиа фотографии на “balaclava jumper”, кој има исечок на местото на устата, околу кој се наоѓа црвен дел сличен на усните.
Од Gucci брзо се извинија за предизвиканата штета и веднаш го повлекоа џемперот од нивните продавници и од нивната веб-страница