The Datai Langkawi – Kedah, Malaysia
Datai Langkawi Resort за прв пат ги отвори своите врати во 1993 година и се смета за едно од најубавите eko-friendly одмаралишта во целиот свет.
Datai Langkawi скоро е реновирано и сега има 120 соби, секоја со софистициран ентериер и во совршена хармонија со убавината која ве очекува надвор од одморалиштето.
Архитектот Дидиер Лефорт е човек кој стои зад крајната трансформација, кој ги отстрани застарените детали и внесе чувство на “зелена” енергија во ова одморалиште.
Сепак, круната на овој имот е Datai Estate, кој се протега во должина од 3.500 метри и доаѓа со три приемни соби, пет спални соби, личен батлер и шеф, како и пристап до два поврзани базени.