Секојдневното комсумирање на јаткасти плодови е најдобриот начин за зголемување на внесот на здрави масти.
Покрај тоа, јаткастите плодови се полни со влакна и протеини, така што помагаат во зајакнувањето на мускулите.
Три причини зошто треба да јадеме бадеми:
Намалување на апетитот
Протеините, мастите и влакната од бадемите ќе ве одржуваат сити помеѓу оброците. Само обидете се да ги џвакате подолго отколку веднаш да ги проголтате.
Посилни коски
Бадемите исполнуваат околу 20 проценти од вашата дневна потреба за магнезиум и фосфор, кои се клучни за густината на коските.
Подобра микрофлора
Бадемите ја подобруваат цревната микрофлора и го зголемуваат бројот на добри бактерии, а ги намалуваат лошите. Лошите бактерии се поврзани со низа проблеми како дијабетес тип 2, срцеви заболувања, ментални проблеми, астма и проблеми со кожата.