Каролина Гочева се закити со статуетка на првите регионални музички награди во Белград.
38-годишната македонска ѕвезда ја доби наградата за Најдобра етно нумера за песната „Ти не дојде“, од нејзиниот најнов албум „Извор“.
Убавата пејачка ја изведе песната на големата сцена на церемонијата во Штарк арената.