Со цел да се даде поддршка на младите модни дизајнери и да се збогати уметничката позадина на нашата заедница, на настанот Fashion & Lifestyle Expo 2019 за прв пат ќе се организира натпревар за млади модни дизајнери.
Натпреварот е отворен за сите модни дизајнери на возраст од 18 до 30 години кои се или пак биле студенти на било кој факултет/академија/институт или организација/тренинг центар каде се изучува модниот дизајн. Аплицирањето е бесплатно.
Бидејќи веруваме во квалитетот на младите и перспективни, домашни модни
дизајнери – им задаваме едноставен моден предизвик, а најдобрите 10 ќе
добијат прилика:
* Својот дизајн да го изложат во фоајето на Македонската Опера и Балет,
во склоп на настанот Fashion & Lifestyle Expo;
* Да го претстават својот дизајн на ексклузивна модна ревија на
пред-отворањето на настанот, додека,
* Најдобрите тројца ќе освојат и вредни парични награди и тоа: парична
награда од 1.000 ЕУР за првонаградениот, и парични награди од по 500 ЕУР за второ и
трето наградениот дизајн!
Апликациите се отворени од 29.01.2019 а траат до 11.02.2019.
Прочитајте повеќе за натпреварот: >>> https://bit.ly/2B3s8vB
Натпреварот е спонзориран од Korea Auto Trade а организиран во соработка со Моментум Инк.