Каролина со уште една награда …
Вчера вечер, на првите регионални музички награди MAC (music.awards.ceremony) во Белград, македонската музичка sвезда Каролина Гочева ја доби наградата за најдобра етно нумера „Ти не дојде“, од нејзиниот најнов албум „Извор“.
Таа се појави на црвениот тепих во црн мини фустан со мрежа и тантела, а на големата сцена во Штарк арената, настапи во сребрен топ со плишани црни пантолони, беретка и сребрени до глужд чизми.
Настапот на Каролина беше гламурозен, вокално и визуелно, оставен пред крај на вечерта, како што доликува на најголемите sвезди.