Ако барате освежувачко дотерување за вашиот ентериер, доволно е да погледнете по социјалните мрежи и да дознаете што ќе биде актуелно оваа година.
Не е потребна голема инвестиција за да му дадете на вашиот простор модерен и трендовски изглед. Тоа ќе го постигнете со додавање на само неколку нови украсни предмети.
Тоа може да биде интересен тепих, раскошни перници на софата, едноставно огледало или интригантна форма на мебел.
Еве кои предмети ќе бидат најбарани во 2019 година кога станува збор за домашната декорација.
Перници со живи бои
Расфрлани перници по троседот или фотељата, се едноставен и ефтин начин за менување на декорацијата во вашиот простор, без огромен ремонт. Едно време, беа популарни со дезени, кои сѐ уште изгледаат одлично – но сега гледаме поголеми, со повеќе заситени бои. Побарајте перници од тешки, богати ткаенини и заситени бои, како што се слива, модар патлиџан или корално црвено боја.
Луѓето стануваат се повеќе свесни за здравјето, и знаеме колку тоа е од полза од вистински растенија во домот.
Мебел со заоблени природни облици, маса или кадифен тросед.
Кружни огледала
Ако сакате да внесете органска форма во вашата соба, кружните огледала можат да бидат евтина опција. Дизајнерите препорачуваат да ги барате оние кои немаат широка рамка, нешто што е едноставно.
Ориентален тепих
Друга работа која станува многу популарна е ориенталниот тепих кој ќе го видите насекаде.
Природни растенија
Вистинските растенија како декоративни акценти стануваат сè попопуларни. Луѓето стануваат се повеќе свесни за здравјето, а знаеме колкава е ползата од природните растенија во домот.