Брендот за часовници Omega, одржа специјален настан во Шангај за да ја претстави својата нова колекција Constellation Manhattan, со 101 модел во три големини …
Главните ѕвезди на настанот беа Синди Крафорд, Никол Кидман, Алесандра Амбросио и Лиу Шиши.
Тоа секако беше квалитетен настан, кој се одржа во Expo I-Pavilion. Посетителите имаа можност да видат редизајн на легендарните Constellation часовници, како и четири фантастични жени кои се вистинска инспирација.
Секоја од претходно споменатите дами беше гламурозен почесен гостин на вечерта, претставувајќи ја убавината, софистицираноста и перфекцијата според кои е позната Constellation колекцијата.