2019 е година на свињата во која според лунарниот календар влегуваме во средината на февруари, која ни ветува финален прекин со лоши и токсични врски, давајќи ни нови можности за добри промени и успеси.
Во таа чест, Gucci ја лансираше капсула колекцијата “Year of the Pig”.
Новата колекција на Gucci се состои од 35 егзотични парчиња со графички мотиви од оригинално дизајнираните Gucci прасиња и главните ликови од анимираната бајка на Disney за трите прасиња.
Колекцијата вклучува маици и пижами кои совршено се совпаѓаат со препознатливиот знак на Gucci, а малку конзервативните помодарки ќе го задоволат својот глад за екстравагантни модни парчиња со огромните очила од оваа колекција.