Често слушаме дека појадокот е најважниот оброк во денот, а новото истражување покажува зошто е толку важно да се јаде рано наутро.
Германските истражувачи заклучија дека прескокнувањето на појадокот, дури и повремено, е поврзано со поголем ризик за развој на дијабетес тип 2.
Тие откриле дека прескокнувањето на појадокот еднаш неделно е поврзано со шест проценти поголем ризик за развој на дијабетес тип 2. Но, ако го прескокнете доручек четири или пет пати неделно, ова ќе го зголеми ризикот за 55 проценти.
Центрите за контрола и превенција на болести велат дека 90 до 95 проценти од 30-те милиони луѓе во САД кои живеат со дијабетес имаат дијабетес тип 2. Дијабетес тип 1 е поредок и се дијагностицира рано, дијабетес тип 2 обично се развива кај луѓе постари од 45 години. Факторите на ризик вклучуваат прекумерна тежина и генетика.
Со оглед на тесната врска помеѓу дијабетесот тип 2, шеќерот во крвта и инсулинот, не е изненадувачки што прескокнувањето на појадокот исто така може да доведе до зголемен ризик.