Шпанската компанија Octaevo која произведува декоративни предмети, лансираше линија на керамички чинии со мотиви на грчки и римски богови како и традиционални симболи на среќа, за кои се верува да ги одбиваат злите духови.
Светло обоените чинии имаат графички принтови на кои е прикажан Аполон, грчкиот бог на светлоста и музиката, римскиот бог на почетоците Јанус, амулет во облик на око кој штити од злото наречен Nazar, додека Hamsa – е античка блискоисточна амајлија која ја симболизира раката на Бог.
“Сите овие идеи не инспирира многу и затоа визуелно ги пренесовме на серија керамички чинии”, рече креативниот директор и основач на брендот Octaeva, Марсел Баер. “Нека им ја донесат радоста, среќата, здравјето и богатството на сопствениците”.