Колекцијата на накит од познатата модна куќа Gucci со име Le Marché des Merveilles во слободен превод би можело да значи фабрика на чудата …
И навистина, не се знае кое што е поубаво, накитот создаден од Alesandro Mikele или фотографиите од кампањата кои изгледаат како слики од познатите фламански мајстори.
Главниот “виновник” за овие фантастични фотографии е фотографката Џулија Хета, која преку леќата на камерата успеала да го фати прекрасниот накит кој го красат сафири, дијаманти, рубини, црниот оникс и опал.
Шведската фотографка успеала верно да го оживее сликарството на златното доба на Холандија на овие фотографии.