Новата година значи нова шанса за освежување и подновување на вашиот домашен простор
И покрај тоа што некои елементи од домашната декорација никогаш нема да излезат од мода, трендовите за внатрешен дизајн доаѓаат и си одат, а секогаш носат и нешто ново од година во година.
За да се подготвиме во наредната година со нови дизајнерски трендови, експертите одговорија што најмногу ќе не возбудува во 2019 година кога е во прашање домашниот ентериер.
1. Темно сина боја
Темно сината боја ќе биде онаа боја која ќе ја замени црната во домашниот ентериер, затоа размислете за промена на црните елементи.
- Мебел од кожа
Иако кожата како материјал отсекогаш била присутна во домашниот ентериер, во новата година се очекува многу повеќе примена на кожа во ентериерот.
3. Максимализам, не минимализам
4. Бохо стилот се врати
Бохо стилот е еден од оние трендови кои доаѓаат и си заминуваат, но 2019 година е среќна за оние кои го преферираат бидејќи повторно е во тренд.
5. Мебел од дрво
Може да се каже дека дрвото е традиционален материјал кој никогаш нема да излезе од мода. И дека тоа е така, се потврдува употребата на дрво како популарен материјал и во 2019 година.
6. Art-deco дизајн
Art deco-дизајнот ги прифаќа геометриските дизајни, вештачките материјали (како метали) и смелите бои. Како што го оставивме минимализмот, art deco стилот е совршен начин да додадете повеќе текстури во вашиот простор.