Најновата креативна соработка на Алесандро Микеле е со Хармони Корин, режисерка и сценарист на филмови како што се “Kids” i “Spring Breakers” или спотот на Ријана “Needed Me”.
Корин, која во минатото работела со модните куќи Proenza Schouler и Dior, го фотографирала и каталогот на Gucci pre-fall 2019година на археолошките локации на Херкуланеум и Помпеја.
Според соопштението, изборот на локација е желба на брендот Gucci да го поддржи италијанското културно наследство.
Погледнете дел од фотографиите во каталогот кои претставуваат уникатна облека и модни додатоци како што се чанти, очила, накит, беретки, ешарпи и чевли.