Најголемите Божиќни фестивали во светот вклучуваат совршен и незаборавен празничен амбиент, прекрасни скулптури од мраз, фантастично осветлување со музичка забава и весела атмосфера.
Winter Wonderland
За време на божиќната сезона, Hyde Park станува зимска чудесна земја, бидејќи во Лондон го слават Божиќ со еден од најголемите светски фестивали Winter Wonderland. Минатата година повеќе од два милиони посетители присуствуваа и тоа со добра причина. Winter Wonderland ги има сите традиционални елементи на божиќен фестивал: спортови на мраз, спектакулани шоу програми, патувања со ДедоМраз, повеќе видови на храна и божиќен шопинг.
Christmas Fesтival of Lights
Портланд, Орегон, веројатно не е првото место на кое гледате како дестинација за одмор, но стотиците илјади луѓе кои присуствуваат на годишниот Christmas Fesтival of Lights, ќе ве предомислат. Божиќниот фестивал покажува спектакуларен приказ на осветлување со повеќе од еден милион светла.
Budapest Christmas Fair
Европските главни градови имаат свои индивидуални стилови за одбележување на празникот, но малкумина се толку уникатни како фестивалот во Будимпешта. Помеѓу ноември и декември, плоштадот Vorosmarty се претвора во свечена прослава на традиционалните унгарски божиќни практики. Фестивалот изобилува со стотици мали дрвени штандови кои ги нудат уникатните подароци, а мирисот колачињата со мед и вареното вино со цимет го испонуваат воздухот.
Santa Claus Christmas Celebration
Сезоната за време на празниците, треба да вклучува посета на Дедо Мраз. “Божиќниот град на Америка” го слави празникот со својата тринеделна Santa Claus Christmas Celebration. На фестивалот можете да ја доживеете божиќната авантура покрај езерото Рудолф и да откриете “Сјајната приказна за Рудолф”, па дури и печени костени на отворен оган, во замокот на Дедо Мраз.
Christmas in Ice