Културниот центар Интерарт и Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија Ве покануваат на премиерата на мултимедијалниот перформанс „Волшебен свет“, дел од Инкубатор деновите на младинска културна сцена, кои Интерарт ги реализира со поддршка од Министерството за култура.
Перформансот е во продукција на младите уметници кои беа дел од вториот циклус на Инкубатор програмата за култура и ќе се одржи во недела, 16. Декември 2018 година со почеток од 18:00 часот на големата сцена на Македонскиот Народен Театар.
На настанот свое обраќање ќе имаат:
- Рисима Рисимкин, уметнички директор на проектот
- H.E. Sybille Suter Tejada, Амбасадор на Швајцарија во Македонија
Современ танц, музика и визуелни уметности во поинаков, модерен и младински контекст.
Ќе ни претставува задоволство заеднички да ја споделиме оваа приказна.
Ве очекуваме!