Легендарната француска модна куќа Шанел ја одржа својата годишна ревија “Métiers d’Art” во Музејот Митрополитен во Њујорк.
И додека многу модни експерти лицитираа што тоа Лагерфелд и неговиот тим овој пат ќе покажат, тој пред неколку дена откри дека бил инспириран од сторогипетскиот храм Дендур, чии што комплетни остатоци се изложени во њујоршкиот Митрополитен музеј од 1978 година.
Еден од најпознатите и најатрактивните експонати на овој музеј, но секако и единствениот староегипетски храм кој бил целосно пренесен во САД е храмот Дендур кој првично бил изграден 15. години п.н.е.
Храмот е спасен за време на шеесеттите години кога УНЕСКО одлучи да ги “пресели” споменици на античката Нубиа, инаку тие би биле поплавени по пополнувањето на браната на Нил.
Колекцијата е дефинитивно во знак на златна боја обожавана од египетски фараони, со голем накит, пирамидалени облици …
Исто така, Лагерфелд вметна многу кроко кожа, златни кроко чизми и црни кожни панталони од истата текстура.
Се разбира, колекцијата исто така содржи делови инспирирани од класичните Шанел кодови, што значи многу твид со или без златни детали.



