Модниот бренд Салваторе Ферагамо носи радост во новата сезона, а ова е неговата досега, прва Holiday (празнична) кампања.
Креативниот директор на женската конфекција, Пол Ендрју, работеше со фотографката Софија Маламут, додека моделите ја прославуваат празничната сезона со најновите парчиња на италијанскиот бренд.
Говорејќи за кампањата, Ендрју рече: “Да се биде дел од приказната на Ферагамо е вистински подарок. Нашата динамична креативна заедница има богато наследство од куќата и уживаме во целосната слобода, играјќи со кодовите од минатото, за да можеме да ги заживееме во сегашноста. Снимањето на оваа кампања беше исклучително возбудливо, затоа што ова е најголемата привилегија во истражувањето на архивата која се пренесува преку генерациите и што може да го претстави на новите генерации “.
Погледнете го подолу видеото каде дополнително се нагласени аксесоарите на Салваторе Ферагамо.