Иако се верува дека дијамантите се најдобри пријатели на жените, Месечевиот камен е скапоцен камен кој сите ги одушевува.
Во антички времиња, Римјаните верувале дека бисерно синиот камен познат како Месечев камен е дојден од месечината, бидејќи има неверојатен сјај. Легендата вели дека каменот носи среќа и дека оној кој го има за време на полна месечина во устата, може да стане видовит.
Постојат многу приказни и верувања, па до тоа дека носи слатки и прекрасни соништа, исто така и љубов. Според едно верување, овој необичен камен ги контролира турбулентните емоции и го олеснува лошото расположение.
Спиритуалистите веруваат дека Месечевиот камен може да помогне во интуитивноста како и дека е исполнет со пасивна женски енергија, заради која се смируваат нагласените реакции и го отстранува стравот од иднината. Бидејќи ова е машки камен, се верува и дека помага да се растопи “замрзнатото” машко срце.
Благодарение на својата естетика, тој се носи во било која сезона, а да не ги споменеме разновидноста и можноста за комбинирање со различни комбинации на облекување.
Погледнете колку фантастично изгледаат парчиња накит на кои како главна декорација го имаат токму Месечевиот камен.