Сите ги знаеме бенефитите од консумирањето на здрави намирници важни за нашиот организам, здравје и изглед.
Додадете ги овие 6 видови на храна во вашата секојдневна исхрана за да го подобрите здравјето на вашата кожа. Нека вашата кожа биде посјајна, свежа и со одличен тен. Зарем не секоја жена го посакува тоа?
Ние ве советуваме да ги користите овие намирници за да ја подобрите состојбата на вашата кожа како и на вашето целокупно здравје.
Зеленолисни растенија
Спанаќ, марула, блитва, ќељ…сите овие зелени богатства изобилуваат со разни витамини. Сите тие во себе имаат бета керотин кој се претвора во витамин А кој е одличен за мазна кожа и балансирање на производството на себум.
Тие исто така се богати со минерали и есенцијални амино киселини, со кое вашето тело ќе ги регенерира клетките на кожата.
Лимон
Започнете го секој ден со чаша вода и лимон и вашата кожа ќе ви биде благодарна. Лимонот е одличен за црниот дроб, а кога тој го детоксифицира и чисти телото тогаш кожата е ослободена и изгледа сјајно.
Цвекло
Како и лимонот и цвеклото го поддржува здравјето на црниот дроб, а на кожата и дава сјај.
Куркума
Не само што зачинот е со висок антиоксиданс, тој исто така содржи неверојатен износ на фитохемикалии кои помагаат во борбата против воспаленијата. Воспалението е коренот на многу проблеми со кожата, како што се предвремени брчки, црвенило, чувствителност и флеки.
Морков
Морковот содржи витамин А, кој помага во борбата против брчките и го балансира производството на маснотија, што во основа ја прави кожата подобра и поздрава.
Авокадо
Авокадото е одлично за намалување на воспаленијата на кожата, вклучувајќи егзема и акни. Исто така, тоа е полно со антиоксиданти кои се добри за борба против оштетување на слободните радикали од кожата.