Во центарот на њујоршката берза пред неколку дена, Донатела Версаче направи златен факел, реплика на Статуата на слободата, околу која се најдоа најновите модели од колекцијата есен 2019 Versace, со манекенките Каја Гербер, Џиџи Хадид, Амбер Валета и многу други топ модели.
На прес-конференција дизајнерката рече дека “Факелот е симболот на Њујорк, но исто така е и симбол на еманципација и сила на жените”, така што не е тешко да се заклучи дека оваа колекција на Донатела е ода на Њујорк.