Со височина од речиси 6 метри, убавата елка изгледа како од бајка, а ја красат 8.000 сјајни сребрени лисја …
Веќе пишувавме дека сите светски модни куќи, луксузни хотелски синџири и добро познати дизајнери во духот на традицијата за празничните денови, ги прикажуваат своите божиќни верзии на елки. Елката во фоајето на лондонскиот Claridge’s хотел стана предизвик за дизајнерските визионери.
Годинешната елка беше украсена од дизајнерката Dajan Fon Fustenberg и ова волшебно сино дрво со 150 стаклени срца, кои сјаат како магично дрво од бајките е наречено “Дрво на љубовта”.
Постојаниот и заразен оптимизам на Дајана, како и верувањето во моќта на љубовта, ја инспирирале за оваа фантастична креација.