“Close Your Eyes and Think of Christmas”
Новата кампања на британскиот бренд Burberry ги собра славните имиња од светот на модата и филмот.
Краткиот филм “Затвори ги очите и мисли на Божиќ” зборува за магијата на Божиќ кој сите со нетрпение го чекаме.
Британската уметница Јуно Калипсо ја режираше рекламната кампања во која се појавуваат познатиот модел Наоми Кембел во друштво на мајка и Валери Морис Кембел, британската продуцентка и пејачка позната под уметничкото име М.I.А, актерката Кристин Скот Томас и Мет Смит, англиски актер.
Краткото видео зборува за божиќните ритуали и традиција видени преку современиот објектив. Кампањата вклучува традиционални коцки, ново лого и дел од колекцијата кој е резултат од соработката со Вивиен Вествуд.