Шпанската компанија која изработува мебел ,,Momocca” неодамна ја престави својата нова линија на мебел насловена како Јулија , и тоа со една единствена цел да обезбеди на своите корисници неограничен број на решенија за опремување на нивниот дом.
Тие користат високо квалитетни материјали и префинети естетски дизајни со кои нема да се чувствувате ,,заглавени” со својот мебел и ќе имате можност за негово прераспоредување.
Дизајнерите користат метали во бакарни и златни нијанси, квалитетно ореово дрво и врвен текстил за своите парчиња мебел, со тоа тие им овозможуваат на корисниците да го конфигурираат својот простор по нивна желба.