Бојата на усните е уникатна, заради тоа одредена нијанса на кармин на секоја од нас поинаку изгледа.
Усните се најпогодни за кармини кои се нијанса до две потемни од нивната природна боја.
Совршената боја на карминот ја диктира бојата на усните, а не тенот.
На бледите усни најдобро им прилегаат темно црвените нијанси и бојата на коралот, на црвенкастите усни најдобро им стојат розовите и портокаловите тонови, а портокалово-црвените нијанси се најдобри за темните усни.
Од неутрални нијанси кои ја нагласуваат природната убавина на бледите усни, најдобри се розовите нијанси и nude тонови, додека на средно темните усни ум прилегаат смеѓи тонови, а на темните усни, бојата на чоколадо.
Карминот не ја опростува грешката, па затоа се препорачува пред да го нанесете направете пилинг на усните. Тој ќе ги отстрани мртвите клетки на кожата, а кремот ќе ги хидрира.