Британската група Spice Girls пред 10 години ја запре работата на музичката сцена, но оваа година се враќаат на голема врата.
Девојките од бендот одлучија да се обединат и да направат турнеја. За жал, Victoria Beckham, нема да им се придружи овој пат.
Melanie Brown, Emma Bunton, Geri Horner и Melanie Chisholm ги открија деталите.
“Ќе настапиме само ние четири, но сепак се надевам дека Victoria некако ќе ни се придружи. Ќе биде тажно да го пропушти ова”, рече Melanie Brown.
Турнејата ќе започне на стадионот “Етихад” во Манчестер на 1 јули 2019 година, а билетите ќе бидат на продажба од оваа сабота. Четворката исто така, ќе настапат во Ковентри, Сандерленд, Единбург и Бристол а ќе завршат на стадионот Вембли во Лондон.