Бела Хадид е една од водечките модели на денешницата, но и street style ѕвезда, за чиј изглед работи војска на стилисти.
Оваа убавица веќе години наназад, активно се занимава со манекенство.
Таа е константна мета на папараци, а тие се заслужени за истакнување на нејзиниот стил, бидејќи таа денес се смета за една од највлијателните дами на модната сцена.
На неодамнешната презентација на колекцијата Bella Hadid X True Religion, таа не воодушеви со својот изглед и не врати 90-тите години, од минатиот век. Сем облеката на True Religion, која сама ја дизајнираше , носеше торба и сандали на Christian Louboutin со леопард дезен, еден од водечките трендови во сезоната.