Индија ја открива највисоката статуа на светот, соочена со критики.
Премиерот Нарендра Моди ја претстави високата статуа на лидерот за независност, Сардар Валаббах Пател, со височина над 180 метри, која ја надмина досега највисоката статуа на светот, која се наоѓа во Кина.

Највисоката статуа на светот беше откриена во индиската држава Гуџарат во средата на церемонијата исполнета со помпа и зголемена безбедност.
Премиерот Нарендра Моди ја отвори статуата на Сардар Валаббах Пател, главен индиски лидер за независност, нарекувајќи ја “Статуата на единство”. Тој се соочува со критики за продолжување на проектот, и покрај загриженоста на локалните жители кои се заканија дека ќе протестираат против откривањето.
Со своите 182 метри височина, статуата е двојно поголема од Статуата на слободата во Њујорк. Таа, исто така, ја надмина досега највисоката статуа на светот, Буда во храм во Кина, која е висока 128 метри.
Статуата чини над 500 милиони евра.