Дека е личност со самодоверба, тоа Бијонсе редовно го демонстрира на својот Instagram. Најновите објави на Бијонсе ја покажуваат моќта и стилот, својствена на најголемите ѕвезди.
Суперѕвездата меѓу пејачките одбра сив костум со ситно пепито дезен од колекцијата Prabal Gurung за есен/зима 2018/19 година. Капутот во темно портокалова нијанса е од Self Portrait, а Бијонсе само лежерно го префрлила преку рамената, токму така, како им доликува на дивите.