Замокот Бранкој е национален споменик и симбол во Романија, а се наоѓа во близина на селото Бран.
Тврдинта се наоѓа на границата помеѓу Трансилванија и Валачја.
Познат како „Замокот на Дракула“ претставува една од неколкуте локации поврзани со легендата за Дракула, вклучувајќи го замокот Поенари и замокот Хунјад.
Денес замокот е музеј отворен за туристи со изложени уметнички дела и мебел собрани од кралицата Марија. Туристите можат да ја видат внатрешноста индивидуално или со водич.
На подножјето на ридот има музеј на отворено каде што се изложени традиционални романски примитивни градби од цела земја (колиби, штали итн.).
Замокот Бран, со поглед на селото Бран, претставува едно инспиративно место каде ќе можете да ја научите вистинската историја и да уживате во познатите митови. Затоа ве охрабруваме да го посетите и видите вековниот замок!