Овој пентхаус во Сан Франциско доаѓа со пијаното Steinway, кое има вредност од 100.000 долари …
Пијанистите кои сакаат да бидат познати, без разлика колку години имаат, најверојатно ќе бидат воодушевени од апартманот Steinway Suite, кој се наоѓа во Harrison penthaus во Сан Франциско.
Сместен на четириесет и деветтиот кат, овој апартман со две спални доаѓа со Steinway Model M high-resolution player пијано, кој се проценува на 100.000 долари.
Ова пијано, кое се користи преку паметен телефон, користи оптички сензори и софтвер за самостојно да свири стотици часови музика, но, се разбира, може да се свири рачно. Тоа е идеално за идните и реализирани пијанисти и љубителите на музика кои уживаат во слушање на пијано симфонии но не ја свират истата. “Најдоброто нешто во врска со ова пијано лежи во фактот, што можете да уживате во врвно музичко искуство, дури и ако не знаете како да свирете на него”, изјави Бри Лонг, извршен директор на Compass Development.
Кралски инспирираната дневна соба има прозорци од подот до таваните кои покриваат две страни од еден агол, нудејќи прекрасен поглед на градот покрај заливот. Сместени во близина на пијаното, двете уникатни столици се покриени со црно-бели ткаенини. Масичката од злато и волнените и свилените теписи заедно со софата од мохер, на целата атмосфера му даваат извонредна текстура.
Цената на овој пентхаус е 3,7 милиони долари, со пијаното и сите парчиња на мебел и декорација.