За потребите на колекцијата Committed, шпанскиот бренд Mango побара инспирација во релаксирачка средина, чија цел е да избегаме од секојдневниот хаос и рутина.
И оваа сезона, Mango претставува колекција на облека изработена од рециклирани материјали.
Облеката од оваа колекција е инспирирана од минималистичката убавина.
Супермоделот Saskia de Brauw е ново заштитно лице на оваа кампања, снимена во паркот Aiguas Tortas.
Покрај нејзината кариера во модната индустрија, Saskia е уметник кој наоѓа инспирација во елементите на графиката и фотографијата. Фокусот на нејзините дела е концептот на просторот и времето, како и разните симболи на градовите.