Француската кулинарна легенда, Алан Дукас, отвори нов ресторан во најромантичниот град на светот – Париз.
Дукас, еден од најпознатите и највлијателните готвачи на светската кулинарна сцена, го отвори ресторанот Ducasse sur Seine, кој ќе им овозможи на идните посетители да имаат повеќекратно задоволство – уживање во храната и полвење по реката.
За незаборавното пловење по Сена и магичните погледи на градот на светлината, се погрижи наутичкиот архитект Жерар Ронкати, кој го конструилрал овој брод.
На менито во ресторанот ќе се најдат познатите низ светот француски јадења, но во луксузна верзија, така што идните гости ќе уживаат во специјалитете како што се пилешко на скара со путер и билки, паштета од гуска или патка со безбројни вина кои одговараат.
Стандардното мени, вклучува три јадења, кои ги припремаат дури 36 лица, а ќе има цена од 100 евра по лице за вечера, додека за тоа исто вечерно мени цената е 150 евра.
Менито наречено “Paris is a party” чини 500 евра, а вклучува пет јадења, шампањ и вино.