Дизајнерот Марк Џејкобс го основал својот бренд во раните 80-ти години на минатиот век и токму тоа време е инспирација за неговата нова колекција.
Колекцијата за есен-зима 2018 е еден вид ремикс кој се состои од крзнени палта, карирани фустани, џемпери и маици, украсени со кристали и везени монистри. Марк Џејкобс предлага тренч мантили во металик сини бои, како и блејзери со тартан шара.
Кога се чантите во прашање, тие се од штепани ткаенини со големи златни детали, додека чевлите се модерни длабоки во бела боја, металик патики и патики со крзно.