Ремек делото на Битлси “Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band” е прогласен за најпопуларен британски албум во историјата.
Официјалната компанија Charts во саботата објави дека класикот на бендот од 1967 година, бил најомилениот британски албум врз основа на обемот на продажбата, превземањата (download) и стримовите во Обединетото Кралство.
Албумот ја прикажа славната четворка од Ливерпул во најексперименталното и најиновативното издание со насловите меѓу кои се “With a Little Help from My Friends” и “A Day in the Life.”
По објавувањето на албумот, бендот престана со турнеите и се посвети на студиската работа под раководство на продуцентот George Martin. Албумот се најде пред Adelinog “21”, кој заврши на второто место и албумот на Oasis од 1995. година “(What’s the Story) Morning Glory?”.