Circu Магичен мебел – луксузен бренд за деца
На интернет го пронајдовме овој прекрасен бренд од Португалија и сакаме да ви го претставиме. Дизајнот на овој бренд е уникатен и ексклузивен, магичен мебел со исклучителен дизајн.
Визијата на CIRCU е фокусирана на тоа да биде дел од светот на детето, да биде присутна во најамбициозните, луксузни и шармантни проекти за декорација на ентериери за децата.
Серијата Илузија 2018, го носи допирот на магијата во детската соба. Комплет мебел за детската соба содржи маса, табуретки и столици, што е совршен додаток во секоја спална детска соба и игралиште, во кое децата можат да ги развијат своите вештини и да научат нови работи.