Престојот во градинка или на училиште е идеална основа за појава на настинки и грип и затоа треба да ги зголемите мерките на претпазливост и да го заштитите имунитетот на вашето дете.
Витаминот Ц го скратува времетраењето на настинката, а го има во чаша со лимон, свежите пиперки и свежата зелка. Можете на вашето дете да му подготвите чаша цеден сок од портокал, така што една чаша од овој сок содржи 124 mg витамин Ц, колку што е потребната дневната доза на овој витамин.
За правилно функционирање на имунолошкиот систем на вашето дете, потребен е цинк, кој го има во бразилски ореви и бадеми. Ако детето не сака да јаде бадеми или ореви, згответе му спанаќ или грашок.
На децата постари од седум месеци, чаевите можат да им помогнат да се ублажат симптомите на грип и да се зајакне имунитетот, бидејќи тие содржат витамин Ц и антиоксиданти.
Исто така се препорачуваат авокадо, поради здравите масти и витамини C и B како и лукот. Лукот се препорачува да се јаде сиров, за да се максимизираат лековитите својства.