Ерик Булатов – руски сликар (85), образуван на уметничкиот институт Суриков во Москва, каде што дипломирал 1958 година.
Одбивајќи да заработува пари за живот од државни нарачки во времете на советскиот сојуз, Булатов се посветува на изработка на илустрации на книги за деца, за кои добил и бројни награди.
Во 1960 година ја формира групата Сретенски булевар со Илија Кабаков, Олег Василев и други. Подоцна станува близок до московските концептуалисти.
Сликите на Булатов се од голем формат, полни со боја, реалистични слики на пејсажи, неба, урбани амбиенти и луѓе, преку кои се исликани зборови или фрази, богати со метафора.
Неговите дела се наоѓаат во бројни музеи низ светот од Гугенхајм во Њујорк, Бобур во Париз, Музеј на модерната уметност во Москава и други.