Декорација на ходникот во вашиот дом
Само затоа што ходникот не е “соба” во традиционалната смисла, не значи дека треба да се занемари. Вашиот ходник е првото нешто што гостите го гледаат кога ќе пристигнат, па така го оставате првиот впечаток за вашиот дом. Затоа треба да создадете простор кој ќе зборува за вашиот сензибилизиран дизајн, а воедно да биде функционален. Можеби звучи тешко за исполнување, но со малку генијалност, можете да создадете убава патека со одличен декор која ќе остави одличен впечаток кај вашите пријатели.
Најпрвин потребно е добро да го организирате просторот кој го имате во ходникот, а потоа да го надополните со декоративни предмети. Ние ќе ви предложиме неколку интересни начини како да го декорирате ходникот а притоа тој да ја задржи својата функционалност и простор.