Дебатата која во светот на фитнесот и понатаму продолжува да се дискутира е кое е правото време за вежбање, наутро или навечер?
Од направените истражувањата, се потврдува дека утрото е совршено време за тренинг, бидејќи има позитивен ефект врз крвниот притисок. Од друга страна, постојат студии кои потврдуваат дека луѓето кои вежбаат во вечерните часови се посилни.
Вистинскиот одговор е дека треба да вежбате кога имате време и кога вежбањето најмногу ви одговара. Повеќето луѓе наоѓаат изговор во секојдневните обврски и недостаток на време, но вистината е дека секој од нас може да одвои најмалку половина час дневно за вежбање.
Не е важно кога вежбате, само да сте активни, бидејќи тоа го подобрува вашето здравје и кондиција и што е најважно, се ослободувате од стресот.