Секоја есен, со нетрпение го очекуваме украсувањето на нашиот дом во интересната палета на бои и детали, кои се инспирирани од овој период од годината …
Оваа есен, понудата е со многу богати и темни бои со кои ги ќе ги украсиме нашите домови, а тие се од темна бордо, до неутралните како окер, додека нивната убавина се крие токму во комбинациите кои тие ги создаваат.
Една од најпопуларните бои на сезоната, вклучува бои од бобинки, како што се темната слива. Комбинацијата на сина, розова и виолетова боја создаваат богата атмосфера, која е интригантна и пријатна во исто време.
Совршените тонови на виолетовата, сините и тегет бои, изгледаат совршено во комбинација со црната и белата боја.
Користете прибор за јадење во неутралните црни и бели тонови, додека покривките за маса и салфетките, во темно вилотеовата.
Потоплите тонови на оваа палета на бои се совршена декорација на секоја трпезариска маса. Земте ги во предвид и дрвени лажици за срвирање како и кафените акценти, а палетата на бледата боја на лаванда, ќе биде идеален придружник за речиси било која од овие комбинации.