Сликата на Zao Wou-Ki се продаде за 65 милиони долари на аукција во Хонг Конг и со тоа го постигна рекордот на најсакапо дело на Азијски уметник.
Десет метри долгиот триптих на Zao Wou-Ki, еден од најистакнатите кинески сликари на 20 век, беше продаден за 65 милиони долари на аукција во Sotheby – Хонг Конг.
“Триптих” е најголемото дело на уметникот и достигна највисока аукциска цена меѓу сите дела на починатиот кинеско-француски уметник, што ги надмина и минатогодишните 26 милиони долари, платени за неговото платно “29.01.64” на аукција во “Kристи”.
Zao е роден во Кина во 1920 година, се пресели во Париз во 1948 година. Бил под влијание на западниот модернизам и продолжил кон апстракцијата, за повторно да се врати на кинеските техники со четки и мастило. Починал во 2013 година.