Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк е домаќин на изложбата Архитектурата во Југославија 1948-1980, што е и прва изложба во САД во чест на посебната архитектура од поранешната социјалистичка држава.

Повеќе од 400 -тини цртежи, макети, фотографии, филмски претставувања од музејски и семејни архиви, се претставени на меѓунарадната публика за прв пат. Претставени се дела од повеќето водечки југословенски архитекти и уметници кои што го истражувале урбанизмот, технолошкиот експеримент, неговата примена во секојдневниот живот и монументи и меморијални споменици.

Архитектурата која се појави во овој период е манифестација на “радикален плурализам, хибридност и идеализам”, што ја карактеризираа самата југословенска држава за време на нејзиното 45 – годишно постоење.

Оваа изложба која што е отворена на 15 јули 2018 година, ќе трае до 13 јануари 2019 година и со својата содржина предизвикува огромен интерес.

Македониум – Крушево 1974 – Јордан Грабул

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова Versace колекција за пролет/ лето 2019 година!
Следна објаваНовата колекцијата SJÄLVSTÄNDIG на IKEA со порака “Опуштете се и изразете се”!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР