Познат по своите барокни креации, полни со фантазија и надреализам, Vincent Dare е трендовски дизајнер со некои од најдобрите дизајнирани проекти што некогаш сте ги виделе.
Неверојатната комбинација на текстури, бои и модели го претвора секој негов проект во воодушевувачки и изненадувачки.
Неговиот инспирација најпрво дојде од модниот свет каде успешно работеше во познатите модни куќи Yves Saint Laurent, Montana, Prada, Fendi, Chloé, Moschino…
Модната кариера Vinsent ја напушта во 2008 година за да се посвети на уметничко креирање на мебел и декоративни предмети.
Започнува со претставувањето на дебитантската колекција Ossobucco која се состои од столици и маси со ногарки во вид на бутни коски. Потоа дојде колекцијата Dali water collection со октоподи на ѕидовите каки и фенови за коса.
Потоа заредија колекции каде што Vinsent успева да ја негува поезијата, хуморот, кубизмот, апстракцијата и фестифалските елементи.
Освен дизајн на мебел, Vinsent креираше и колекција на текстил за познатата француска фабрика на ткаенини ткаенина Pierre Frey, а заслужен е за декорирање на тренди ноќни клубови, како што е Le Baron во Њујорк и дизајнирање на станбени ентериери во Париз. Без оглед на медиумот, Dare пристапува кон својата работа со уникатна комбинација на хумор и поезија.
Dare непрекинато го меша својот дизајн со она што го наоѓа во аникварниците или по пазарите. На пример, еднаш купил кауч со голем попуст, бидејќи наводно на него бил убиен некој принц, а потоа тој ист кауч го обложил со текстил на Pierre Frey.
Dare кој себеси се нарекува “анархист со добар вкус”, живее во фантастичен стан во Париз на Rue de Bellechasse, кој го одразува неговиот високо волтажен максималистички стил.