За време на Модната недела во Њујорк, Марк Џејкобс претстави колекција која се фокусира на облека во сончеви пастелни тонови.
Многу карнети, деликатни тантели и светлечки материјали укажуваат на тоа дека Џејкобс беше инспириран од модата која беше многу популарна во 80-тите години. Иако не е толку позната и добро прифатена од модни критичари, поточно карактеризирана како најлоша епоха, модата на 80-тите се повеќе се враќа на сцената.
Џејкобс си игра со палетата на бои, како што се светло-жолта, пудресто розова, бебешко сина и боја на праска, комбинирајќи ги со неутрални тонови.
Модерни се панталони со широк ногавици, волуминозни топови, како и одела со машки крој. И украсите во косата се асоцираат на 80-тите, па тоа е шарпата, и задолжителен детаљ во косата.
За вечер, Џејкобс нуди фустани со живи, вибрантни нијанси.